SportM
Фудбал

Легендарниот Роналдо со комплименти кон Мбапе

Д М7 сеп 2021
Легендарниот Роналдо со комплименти кон Мбапе

Некогаш еден од најдобрите фудбалери во светот, бразилскиот репрезентативец Роналдо, зборуваше со голема почит за Килијан Мбапе.

Францускиот репрезентативец е фудбалер кој обезбеди одлични игри во последните неколку години и за кој се верува дека ќе доминира во фудбалот во иднина.

Неговата статистика во последните неколку сезони е феноменална, а сега и Роналдо му даде комплимент.

Поранешниот бразилски напаѓач верува дека Мбапе има многу слични фудбалски карактеристики како што имал тој, и е импресиониран што веќе постигнал многу како млад човек.

“Да, тој ги има истите карактеристики како мене. Има одличен квалитет, импресивна техника што ја поседува дури и кога е во полна трка”, рече Роналдо, додавајќи:

“Она што е важно е дека тој е се уште млад, и постигна многу. Ми се допаѓа како игра и ја има мојата целосна поддршка”, додаде еден од најдобрите фудбалери во светот.

Да потсетиме, Роналдо ја започна својата европска авантура во ПСВ од каде замина во Браселон. Потоа замина во Интер, од каде што неговата фудбалска кариера го одведе во Реал Мадрид, а играше и за Милан, Крузеиро и Коринтијанс.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.