SportM
Фудбал

Легендарниот Тоти зборуваше и застана во одбрана на Мбапе: „Има нешто многу поважно…“

Д М26 мај 2022
Легендарниот Тоти зборуваше и застана во одбрана на Мбапе: „Има нешто многу поважно…“

По неколку месеци одолговлекување и чекање, Килијан Мбапе го направи изборот и одлучи да остане во ПСЖ пред да замине во Реал Мадрид.

Младиот француски фудбалер доби многу критики за ваквата одлука, особено затоа што на некој начин ја изневери довербата на Реал Мадрид, но сега доби силни зборови на поддршка од човек чие име значи многу во светот на фудбалот.

Токму легендарниот фудбалер на Рома и италијанската репрезентација Франческо Тоти во кариерата го одби Реал Мадрид, па од таа страна ја следи одлуката на Мбапе.

„Среќен сум поради одлуката на Килијан Мбапе. Тој порасна во Париз. Не е лесно да се одбие Реал Мадрид. Истото го направив јас пред 20 години и останав во Рома“, изјави Тоти.

„Тој ја направи вистинската работа. Има нешто многу поважно, а тоа се корените“.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.