SportM
Фудбал

Легендата ги шокираше „Каталонците“: Меси би можел да ја напушти Барса во наредните две години

Д М6 дек 2019
Легендата ги шокираше „Каталонците“: Меси би можел да ја напушти Барса во наредните две години

„Лионел Меси нема да замине во пензија наскоро“, вели легендата на Барселона Ривалдо, но тој може да биде во искушение да побара нов предизвик далеку од „Камп Ноу“ во следните две години. Аргентинската sвезда неодамна призна дека за него се приближува моментот на повлекување од фудбалот, веќе на 32-годишна возраст. Нема сугестија дека тој планира да ги „обеси копачките“ во блиска иднина бидејќи 2019 година ја доби својата шеста „Златна топка“ во кариера, а тоа го направи уникатен и апсолутен рекорд.

Исто така, Меси се обиде да ги отстрани сите стравови во врска со клаузулата за отстранување во неговиот тековен договор. Поранешната sвезда на Барса, Ривалдо за „Бетфаир“ изјави:

„Меси зборуваше за можно ’пензионирање’ во наредните години, за време на церемонијата „Златна топка“. Имаше многу гласини. Нормално, 32-годишен фудбалер треба да почне да размислува за неговата иднина, но тоа ќе зависи од тоа како работите одат во Барселона. Доколку тој се чувствува важен за клубот и продолжи да освојува трофеи, нема да замине во скоро време.

Сепак, во наредните две години може да биде поинаку ако тој почне да чувствува дека е потешко да држи чекор со младите таленти во тимот. Ако Лео смета дека може едноставно да стане дополнителен дел од тимот, а не главен фокус, треба да размисли да се пресели во друга лига. Меси сепак сака да го освои Светското првенство и Копа Америка со Аргентина, па затоа мора да игра на највисоко ниво до 2022 година за да го зацементира своето место во тимот. Сепак, сè уште е рано за вакви сценарија“.

Меси ги остави зад себе дефанзивецот на Ливерпул, Виргил ван Дијк и доживотниот ривал Кристијано Роналдо во овогодинешното издание на „Златната топка“. Ривалдо смета дека Меси заслужува конечно да биде потврден како најдобар играч на планетата.

„И покрај поразите во Шампионите и Копа Америка, сепак мислам дека Меси беше најдобриот играч во 2019 година. Постигна и асистираше многу голови, па тој ја заслужи „Златната топка“. Ова не го велам затоа што играв во Барселона. Мислев дека Роналдо беше вистинскиот победник во 2017 година и Лук Модриќ минатата година. Навистина сметав дека Меси е најдобриот играч, па затоа не беше изненадувачка одлука“.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.