Легендата на Интер за вандализирањето на муралот на Барези: Франко не се допира, не го навредувате само Милан

Вандалски чин беше забележан вечерта во недела, на 27 септември, во Милано, каде што некој оштети мурал посветен на Франко Барези, на надворешниот дел од „Каса Милан“. Лицето на поранешниот капитен црвено-црните беше покриено со спреј-боја.
Гестот предизвика негодување, само неколку дена откако се дискутираше долго за тоа што се случи со друга икона на италијанскиот фудбал, Сандро Маѕола, во натпреварот Јувентус-Аталанта.
И легендата на Интер, поранешниот голман Валтер Зенга, реагираше преку Инстаграм: „Франко Барези беше противник, соиграч во репрезентацијата, капитен и пред сè, човек кој и даде достоинство на италијанскиот фудбал. Да се оштети неговиот имиџ не го навредува само Милан или неговите навивачи. Ја навредува историјата на нашиот фудбал и сите оние кои уште знаат што значи зборот почит.
Оние што го направија ова не претставуваат ниту една навивачка група. Претставуваат само себе и своето бедно постоење. Дресовите не’ разделуваат, почитта треба да не’ обединува. Секогаш. Франко не се допира“.



