SportM
Фудбал

Легендата на Јувентус вели: Со Влаховиќ атакуваме на финалето на Лигата на шампионите!

Д М12 фев 2022
Легендата на Јувентус вели: Со Влаховиќ атакуваме на финалето на Лигата на шампионите!

Најголемиот трансфер во јануари беше тој на Душан Влаховиќ од Фиорентина во Јувентус.

Српскиот напаѓач одлично се снајде во дресот на Старата дама.

Веднаш на дебито за Јувентус, тој постигна одличен гол во победата против Верона во 24. коло од Серија А на 6 февруари, а против Сасуоло беше најзаслужен што Јувентус стигна до полуфиналето на Копа Италија.

Во 88. минута тој ја зеде топката при резултат 1:1, се ослободи од чуварот и ја испрати топката во мрежата од Тресолди, а на крајот му беше припишан автогол на дефанзивецот на Сасуоло.

Него го пофали и легендарниот Алесандро Дел Пјеро кој рече дека по примерот од 2017 година кога Јувентус стигна до финалето во Лигата на шампионите со Игуаин, Дибал и Манџукиќ во нападот, може да го направи истото оваа сезона со Влаховиќ.

“Мислам дека Алегри ја прави вистинската работа ставајќи ги Дибала, Влаховиќ и Морат во ист тим. Дибала е повеќе на десната страна, Мората е одличен на левата страна. Тој трча многу, му помага на тимот и никогаш не се откажува. Влаховиќ секако ќе придонесува за ефикасноста“, рече тој. Дел Пјеро и продолжи:

„Тие се одлични во одбраната, цврсти во средината на теренот. Нападот е најдобриот дел од тимот и Алегри е апсолутно во право што ја форсира играта со тројца напаѓачи. Тие можат да нападнат како во финалето на Лигата на шампионите во 2017 година“.

Јувентус во осминафиналето од елитното натпреварување ќе се соочи со Виљареал. Првиот натпревар е закажан за 22 февруари на Ел Мадриагал, а реваншот се игра на 16 март на стадионот Алијанц во Торино.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.