Connect with us

Фудбал

Легендата на Реал Мадрид во шок по „Златната топка“: „Се потешко ми е да верувам во оваа награда“

Доделувањето на Златната топка повторно предизвика големи контроверзии бидејќи многумина сметаат дека Лионел Меси не требало да ја добие оваа награда.

Меси по седми пат во кариерата ја освои наградата за најдобар играч на светот, со што стана апсолутен рекордер.

Сепак, многумина сметаат дека оваа награда ја заслужи Роберт Левандовски, кој веќе неколку сезони игра на неверојатно ниво во Баерн. Полјакот требаше да ја добие Златната топка и минатата година, но тоа не се случи бидејќи церемонијата не се одржа поради коронавирусот.

Се очекуваше годинава да се исправи „неправдата“, но тоа на крајот не се случи. Меси ја освои Златната топка по седми пат, благодарение на освојувањето на Копа Америка со Аргентина ова лето.

Франс Фудбал повторно се најде на мета на многу критики затоа што не успеа да ги избере најдобрите во перформанси од оваа година во која Левандовски беше далеку пред сите останати.

Некако најгласен во критиките беше легендарниот шпански голман Икер Касиљас кој рече дека му станува се потешко да верува во оваа награда.

„Се потешко ми е да верувам во оваа награда. Меси е еден од петте најдобри играчи на сите времиња за мене, но мора да почнете да ги наградувате оние кои беа најдобри во текот на годината. По ѓаволите, не е толку тешко, само другите го прават тоа потешко“, изјави Касиљас по церемонијата.

Меси заврши на првото место во генералниот пласман и имаше вкупно 33 гласа повеќе од Левандовски. Трет беше Жоргињо кој на крајот доста „заостана“ зад Меси и Лев.

Реклама

Facebook

Реклама