SportM
Фудбал

Легендата се враќа од пензија на 46 години: Побизарна покана до националниот тим не е видена долго време

Д М7 окт 2020
Легендата се враќа од пензија на 46 години: Побизарна покана до националниот тим не е видена долго време

Коронавирусот и позитивните случаи уништија одредени планови и за тренерите на клубовите и за селекторите на националните тимови.

Олександар Шовковски, легендарниот Украинец, ќе се врати од пензија во дуелот против Франција, бидејќи Андриј Шевченко го покани во репрезентацијата.

Човекот, кој бранеше во Динамо Киев повеќе од 20 години, доби повик откако Пјатов, Лунин и Панкив беа позитивни на коронвирус.

Шовковски се прости од фудбалот во 2016 година, а 46-годишникот го бранеше голот на Украина на 92 натпревари во текот на својата кариера.

Патем, УЕФА дозволува регистрација на кое било лице со државјанство на земјата што ја претставува, дури и ако не е член на клуб, па затоа стручниот штаб реши да го регистрира Шовковски за мечот со Франција.

Шест позитивни случаи се забележани во украинската репрезентација. Играчите беа сместени во изолација во еден од париските хотели каде што престојуваше националниот тим.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.