SportM
Фудбал

Легендата „удри“ по Роналдо: Тој дури и не може да го предрибла!

Д М18 јун 2020
Легендата „удри“ по Роналдо: Тој дури и не може да го предрибла!

Легендарниот италијански напаѓач, Лука Тони го критикуваше фудбалерот на Јувентус, Кристијано Роналдо, откако синоќа одигра многу лош натпревар во финалето на Купот на Италија против Наполи.

Јувентус беше поразен од Наполи по п=изведување на пеналите, а Роналдо по само неколку дена одигра втор натпревар под неговото ниво по втор пат.

Поранешниот најдобар стрелец во Серија А смета дека Португалецот бил еден од проблемите за тимот на Маурицио Сари.

„Ова е пораз кој го носи потписот на Кристијано Роналдо“, рече Тони за Раи Уно, додавајќи: „Португалецот е во физичка тешкотија и не може да предрибла никого“.

Сепак, поранешниот напаѓач на Фиорентина, Рома, Јувентус и Баерн ја искористи можноста да пофали еден играч на Старата дама. Тоа е Џанлуиџи Буфон.

„Буфон беше најдобриот играч на Јувентус на теренот“, рече Тони.

Конечно, да додадеме дека Роналдо постави негативен рекорд во својата кариера по синоќешниот натпревар. Ова беше негов прв пат да запиша два последователни порази во финалето. Претходно во сезоната, тој го загуби Суперкупот од Лацио со Јувентус.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.