SportM
Фудбал

Лео Меси ја донесе конечната одлука!

Д М26 апр 2022
Лео Меси ја донесе конечната одлука!

Лионел Меси ова лето пристигна во ПСЖ како слободен играч.

Тој немаше баш сезона од соништата во дресот на новиот француски шампион и во последно време се шпекулира дека Аргентинецот ќе ја напушти француската престолнина по само една сезона.

Аргентинските медиуми, поточно TyC Sport, цитираат дека нема можност Меси да се врати во својот поранешен тим Барселона, како што се шпекулираше во последните месеци, или да проба нова авантура во друг клуб.

Така, 34-годишниот Аргентинец е решен да го заврши договорот со ПСЖ и да му помогне на францускиот клуб да го исполни својот сон за освојување на првиот трофеј во Лигата на шампионите, додава цитираниот извор.

 

 

Меси оваа сезона одигра вкупно 30 натпревари за ПСЖ и постигна само девет гола (четири во првенството и пет во Лигата на шампионите) со 13 асистенции што ги додаде во Лига 1.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.