SportM
Фудбал

Леонардо во ПСЖ носи две ѕвезди од Серија А

Д М15 јун 2019
Леонардо во ПСЖ носи две ѕвезди од Серија А

ПСЖ вчера официјално го претстави Леонардо за нов „стар“ спортски директор.

Бразилецот го напушти Милан и се вратил во Париз, а ова лето ќе има работа со полно работно време и ќе се обиде да им даде дополнителен квалитет на парижаните.

Според „Ла Стампа“, Леонардо е подготвен да најде две засилувања во Серија А, а неговата желба е голманот на Милан Џанлуиџи Донарунума и играчот од средниот ред на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ.

Поради финансиската нестабилност, Милан е подготвен да го продаде Донарума за околу 60 милиони евра ова лето. Иако Манчестер Јунајтед го сака, се шпекулира дека добриот однос на Леонардо со Милан е предност на ПСЖ.

СМС е поврзан со Интер, Милан, Јувентус и други тимови, но „Канал +“ тврди дека ПСЖ е подготвени да понуди 75 милиони евра на Лацио, и на играчот од средниот ред ќе му овозможи пет-годишен договор со вкупна заработка околу 30 милиони евра (плус бонуси).

Лацио, СМС минатата година го проценуваше на 120 милиони, но по послабата сезоната, цената значително се намали.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.