SportM
Фудбал

Лерој Сане наскоро би можел да стане најомразениот играч за навивачите на Сити

Д М1 ное 2018
Лерој Сане наскоро би можел да стане најомразениот играч за навивачите на Сити

Сјајниот 22-годишниот германски фудбалер Лерој Сане беше една од главните ѕвезди на Манчестер Сити минатата сезона, кога тие ја освоиа Премиер лигата.

Сепак, оваа сезона Сане ја изгуби доверба која ја уживаше кај тренерот Пеп Гвардиола а натпреварите се почесто ги почнува од клупа. Од 10. кола колку што се одиграни во Премиер Лигата, Сане одигра осум натпревари од кои четири ги започна од клупата.

Англиските медиуми почнаа да шпекулират дека тој ќе го напушти клубот, а обложувалниците веќе нудат и посебни квоти за оние кои сакаат да се обложуваат за тоа во кој клуб ќе премине.

Најдобро, сега за сега ги котираат Јувентус и Баерн Минхен, но веднаш зад нив е најголемиот ривал на Сити, Јунајтед, кој, судејќи според букмејкерите, има добри шанси за доведување на овој играч. Јунајтед има квотата од 4,5.

Се разбира, ако на крајот овој трансфер се направи, Сане во наредниот период би можел да биде најомразениот играч за навивачите на Сити, но се уште е рано да се зборува за тоа.

Во прилог на гореспоменатите клубови, во трка за Сане се вклучуваат, Дортмунд, Арсенал и Ливерпул, исто така.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.