SportM
Фудбал

Лерој Сане за прв пат играше по седум месеци

Д М29 фев 2020
Лерој Сане за прв пат играше по седум месеци

Фудбалерот на германската репрезентација Лерој Сане наскоро би можел да се врати на терените по повеќе од седуммесечен прекин.

Сане има одиграно само еден натпревар оваа сезона во Комјунити Шилд каде се повреди. Германецот повеќе од седум месеци е надвор од терените поради тешката повреда на коленото, но сега тој е конечно близу до враќање во тимот на Сити.

Тој синоќа за прв пат играше за резервниот тим на Манчестер Сити кој играше против Арсенал. Сане играше скоро еден час на овој натпревар и наскоро би можел да се врати во првиот тим.

Планот е Сане да одигра уште неколку резервни натпревари за да биде физички погоден за финалето во сезоната. Англиските медиуми објавија дека дебито на Сане во Премиер лигата за оваа сезона би можело да го има следниот месец.

24-годишниот играч се опорави во вистинско време и има за цел да добие покана до германската репрезентација за Европското првенство што се игра летово.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.