SportM
Фудбал

Лев најде нова работа во Турција

Д М1 фев 2022
Лев најде нова работа во Турција

Јоаким Лев ќе стане тренер на фудбалерите на Фенербахче, јавуваат турските медиуми.

Поранешниот селектор на Германија долго време беше без ангажман, а клубот од Истанбул се обиде да го ангажира пред неколку месеци, но безуспешно.

Проблемот беа парите, клубот немаше доволно средства да ги исполни неговите очекувања, но во меѓувреме претседателот на клубот Али Кох и покрај тешката ситуација успеа да најде спонзор, благодарение на кој ќе може да му плати на Германецот.

Лев ќе го преземе тимот кога ќе заврши тековната сезона, а Фенербахче се обврза дека ќе ги доведе играчите што ги посакува новиот тренер.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.