SportM
Фудбал

Левандовски: Беше тешка ноќ

Д М14 сеп 2022
Левандовски: Беше тешка ноќ

Во второто коло од Лигата на шампионите, фудбалерите на Барселона беа поразени со 0:2 на гостувањето кај Баерн во Минхен.

Поранешниот напаѓач на Баварците Роберт Левандовски се врати во Минхен во дресот на каталонскиот великан, но по поразот разочаран си замина од Алијанц Арената, која во оваа прилика го пречека со голем аплауз, иако имаше и свирежи.

Полскиот напаѓач по натпреварот се огласи на социјалните мрежи.

Беше тешка ноќ, сега е време да се фокусираме на иднината“, изјави Левандовски преку Инстаграм.

Полскиот фудбалер помина осум години во дресот на баварскиот гигант и освои осум титули во Бундеслигата, Лигата на шампионите, Купот на Германија три пати, Суперкупот на УЕФА и Светското клупско првенство. Тој е вториот најдобар стрелец во историјата на клубот зад легендарниот Герд Милер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Robert Lewandowski (@_rl9)

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.