Connect with us

Фудбал

„Левандовски е најдобриот напаѓач во светот, а Халанд е втор“

Роберт Левандовски постигна 112 гола во сите клупски натпреварувања од почетокот на сезоната 2019/20 и е веројатно најефикасниот играч во тој период.

Левандовски ја предводи листата пред Килијан Мбапе и Кристијано Роналдо со по 76 голови, а четврти на листата со 73 гола е Ерлинг Халанд.

Карл-Хајнц Румениге, поранешниот генерален директор на Баерн, смета дека Левандовски и Халанд се најдобрите напаѓачи на денешницата.

“Со Левандовски во тимот го имате најдобриот напаѓач во светот. Халанд е втор најдобар. Баерн е заинтересиран за престојот на Роберт и по 2023 година кога ќе му истече договорот”.

Одличниот Полјак ја потврди својата класа на почетокот на Лигата на шампионите кога беше двоен стрелец во победата од 0:3 над Барселона.

“Халанд е инвестиција. Мислам дека нема да оди во Ливерпул. Но не го исклучувам Реал. Можеби ќе го одврзе ќесето на лето и ќе ги донесе Халанд и Килијан Мбапе”, изјави Германецот.

Халанд и Левандовски играат во Бундеслигата, па можеби не е изненадување зошто Румениге ги избра двајцата во конкуренција на играчи како Карим Бензема, Ромелу Лукаку или Луис Суарез.

Facebook