SportM
Фудбал

Левандовски на мета на Јунајтед

Д М10 мар 2022
Левандовски на мета на Јунајтед

Роберт Левандовски, асот на Баерн е првата мета на Манчестер Јунајтед за летниот преоден рок.

Својот статус на најдобар напаѓач во Европа, одличниот Полјак го потврди и со хет-трик во осминафиналето против Салцбург.

Сепак, според Билд, постојат одредени проблеми во односот меѓу раководството на клубот од Минхен и Левандовски. Полјакот не е задоволен од понудата за продолжување на договорот, а Баерн од друга страна има јасна политика да не сака да преплаќа играчи.

Тоа ќе се обиде да го искористи на Јунајтед, кому му треба вистински шпиц. Кристијано Роналдо со 37 години е далеку од врвна форма и Левандовски секако би бил полн погодок, бидејќи сигурно може да игра на највисоко ниво уште неколку години.

Сега на ред е Баерн. Доколку условите кои ги нуди не го задоволат Левандовски, постои можност среќата да ја најде во Манчестер Јунајтед.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.