SportM
Фудбал

Левандовски најави до кога планира да игра, многумина веруваат дека тој „ни сам не знае за што зборува“

Д М1 сеп 2020
Левандовски најави до кога планира да игра, многумина веруваат дека тој „ни сам не знае за што зборува“

Полскиот напаѓач Роберт Левандовски е подготвен да игра до 40-та година од животот.

Напаѓачот на Баерн имаше фантастична сезона и игра во најдобрата форма. Тој постигна 55 голови на 47 натпревари, додека Баерн ги освои Лигата на шампионите, Бундеслигата и Купот на Германија.

Полјакот беше еден од главните кандидати за освојување на Златната топка, а доколку не постоеше пандемија на коронавирус и одложување на церемонијата, нема сомнеж дека тоа ќе се случеше.

“Не размислувам за крајот на мојата кариера. Не чувствувам како да имам 32 години. Се чувствувам подобро отколку кога имав 26 години. Во последниве години, работев многу прецизно за да го достигнам моето оптимално ниво”, тврди Левандовски.

На прашањето колку кариера му останало, најдобриот стрелец во минатата сезона во Лигата на шампионите одговори: „Можеби осум години“.

Левандовски е посветен на фудбалот, а поранешниот менаџер Пеп Гвардиола ја поздравува неговата работна етика.

„Тој е најпрофесионалниот играч што некогаш сум го сретнал“, изјави Гвардиола за АС во 2016 година, додека сè уште беше тренер на германскиот шампион.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.