SportM
Фудбал

Левандовски не е сигурен каде ќе ја заврши кариерата

Д М24 ное 2020
Левандовски не е сигурен каде ќе ја заврши кариерата

Полскиот репрезентативец Роберт Левандовски со години е еден од најдобрите напаѓачи на светот и дефинитивно играч кој се етаблира како заштитен знак на Баерн Минхен.

Левандовски со своите игри, асистенции и голови го одржува Баерн со години на врвот на Германија и Европа и навивачите на клубот од Минхен не сакаат тој да го напушти клубот. Што се однесува до него, тој е подготвен да игра за Баерн, но не е сигурен каде ќе ја заврши кариерата.

“Имам договор со Баерн до 2023 година и досега не сум размислувал што да правам понатаму. Имам уште две и пол години договор, и тоа е многу време. Знам сигурно дека сè уште можам да играм и има доволно време да размислувам што и како. Минатата сезона беше исклучителна за нас, направивме нешто неверојатно, но засега не знам дали Баерн ќе биде мојот последен клуб“, рече Левандовски.

Пред неколку години, тој беше поврзуван со трансфер во Реал Мадрид, но тој остана дел од германските гиганти. Тој веќе има 13 голови оваа сезона.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.