Connect with us

Фудбал

„Левандовски нема потреба да тренира, нема што повеќе да учи“

Тренерот на РБ Лајпциг, Јулијан Наглесман, даде фантастична изјава денес.

Младиот тренер, кој веќе долго време прави чуда во Бундеслигата, е фасциниран од она што го прави напаѓачот на големиот ривал Баерн, Роберт Левандовски на теренот и тврди дека нема потреба да тренира ништо до крајот на неговата кариера.

 
“Со сета почит кон сите, но Роберт Левандовски нема потреба повеќе да тренира. Тој може да стори што било, нема што повеќе да учи и само треба да прави тренинзи за да биде подготвен за викендот”, рече Нагелсман.

Нагелсман има голема почит кон фантастичниот напаѓач. Не е ни чудо затоа што Лева е неверојатен со години и постигнува голови како на шега.

loading...

И во новата сезона полскиот напаѓач ќе биде главниот предизвик за сите дефанзивци и кој го запре против Баерн ќе заврши добра работа.

 

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com