Левандовски: Ние сме први фаворити за освојување на Лигата на шампионите

Роберт Левандовски, најдобриот играч на светот во изборот на ФИФА, е голем оптимист во пресрет на продолжението на натпреварувањето во Лигата на шампионите.
Баерн во осминафиналето ќе се сретне со австриски Ред Бул Салцбург. Првиот натпревар на програмата е на 16 февруари, а реваншот е закажан за 8 март.
„Ние сме главни фаворити за освојување на трофејот. Погледнете како играме и каков тим имаме. Јасно е дека сме меѓу најсилните тимови во Лигата на шампионите. Најважно е сите да сме здрави кога натпреварите се решавачки и да бидеме во најдобра форма во вистинско време“, истакна одличниот полски напаѓач.
Титулата шампион на Стариот континент Баерн последен пат ја освои во 2020 година, кога Баварците во финалето го победија ПСЖ со 1:0. Пехарот од минатата сезона го брани лондонски Челзи.



