SportM
Фудбал

Левандовски одби голема понуда: „Би живеел исто како во Баерн, тоа е лига без емоции“

Д М1 јул 2022
Левандовски одби голема понуда: „Би живеел исто како во Баерн, тоа е лига без емоции“

Роберт Левандовски ужива во својот одмор и сонува да го напушти Баерн ова лето, една година пред истекот на неговиот договор.

“Мојата приказна со Баерн е завршена. По последните месеци не можам да замислам понатамошна соработка. Трансферот ќе биде добро решение за двете страни”, изјави Роберт Левандовски пред неколку недели и предизвика бура во Минхен.

И иако Баерн тврди дека не сака да го продаде, има многу индиции дека минатата сезона беше последна за Полјакот на Алијанц Арената.

Роберт Левандовски сонува Барселона да преговара за трансфер. Нивната последна понуда беше 40 милиони евра. Освен тоа, каталонскиот клуб требало да понуди пет милиони дополнителни бонуси.

Иако Баерн го одби предлогот, а Чави почна да се жали на раководството на Барса, шпанските медиуми се уверени во трансферот на Роберто. Дотолку повеќе што Полјакот не е заинтересиран за други клубови, особено за Пари Сен Жермен.

“И покрај интересот на парискиот клуб, Полјакот размислува само за Барселона. Засега двете страни се мирни и се надеваат дека се ќе се реши до 12 јули. Левандовски не ни размислува за ПСЖ. Тој вели дека ќе го доживее истото сценарио со ПСЖ како во Баерн бидејќи има лига без емоции.Целосно поразлично од предизвикот за освојување на шпанското првенство“, пишува каталонски „Спорт“.

“Левандовски сака да започне ново поглавје во земја која го сака. Тој ја сака шпанската култура и храна. Тој дури размислува да се смести овде откако ќе му заврши спортската кариера”, читаме.

Договорот на Левандовски со Баерн истекува во јуни 2023 година. Баерн сега треба да донесе одлука дали ќе го пушти Левандовски да си замине и ќе заработи нешто од него или ќе го задржи во клубот следната сезона за да го исполни договорот, но ќе си замине бесплатно.

Засега сите во Минхен велат дека второто е единствената опција. Сите освен Левандовски кој е играч на Баерн од 2014 година.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.