SportM
Фудбал

Левандовски падна на тренингот на Баерн и ги исплаши сите, особено Полјаците (ВИДЕО)

Д М15 мар 2022
Левандовски падна на тренингот на Баерн и ги исплаши сите, особено Полјаците (ВИДЕО)

Полскиот напаѓач Роберт Левандовски не го заврши тренингот на Баерн во вторникот.

Левандовски изведе еден удар кон голот се лизна и падна на тревникот како покосен, со гримаса на лицето, што веднаш предизвика паника кај стручниот штаб и остатокот од тимот на Баерн.

Но, според првите информации се работи за полесна повреда, а самиот напаѓач изјави дека „само чувствувам мала болка“.

Според „Билд“, Лева најверојатно нема да го одигра саботниот првенствен натпревар против Унион Берлин, но ќе биде подготвен за клучниот меч на Полска во квалификациите за Светското првенство.

Роберт Левандовски повторно импресионира оваа сезона. Полјакот дефинитивно е најдобар стрелец во Европа, веќе одигра 36 натпревари, постигна 43 гола и има четири асистенции.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.