SportM
Фудбал

Левандовски постави нови рекорд во Лигата на шампионите

Д М9 мар 2022
Левандовски постави нови рекорд во Лигата на шампионите

Одличниот полски напаѓач Роберт Левандовски постави нов рекорд во Лигата на шампионите.

Имено, голгетерот на Баерн синоќа за само 23 минути игра постигна хет трик во високата победа против Салцбург.

Полјакот едноставно си поигра со противничките играчи, а веќе по првиот дел семафорот гласеше 4:0.

Тоа беше најбрзиот хет трик досега во Лигата на шампионите, една минута побрз од претходниот рекорд на Марк Симеоне во дресот на Милан против Розенборг далечната 1996 година.

Левандовски постигна хет трик од 12. до 23. минута.
 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.