SportM
Фудбал

Левандовски сака да си оди

Д М19 авг 2021
Левандовски сака да си оди

Неверојатни информации доаѓаат од Германија.

Баерн може да остане без големиот Полјак Роберт Левандовски.

Скај Спорт наведува дека Полјакот побарал трансфер, и изјавил дека му треба голем трансфер во друг европски голем клуб.

“Размислувам за сите опции. Се чувствувам добро во Баерн и го сакам овој град. Тоа е одличен клуб. Сепак, отсекогаш сум бил љубопитен да научам нови јазици и култури. Но, не знам дали ќе се случи за време на мојата играчка кариера или после тоа“, рече искусниот напаѓач порано.

Левандовски во сабота ќе го прослави својот 33 -ти роденден, има валиден договор со Баерн до 2023 година, а сигурно е дека нема да му биде понуден нов.

Од редовите на баварскиот гигант, веднаш ја ставија висината на надоместокот, која изнесува 117 милиони евра.

Левандовски минатата сезона постигна 56 голови. Во новата продолжи со исто темпо, па постигна три гола на два натпревари.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.