Connect with us

Фудбал

Лидерите на Реал Мадрид донесоа одлука за судбината на Винсиус Јуниор

Младиот бразилски фудбалер Винсиус Јуниор дојде во Реал Мадрид како големо засилување од Фламенго, но тој се уште ја чека вистинската можност за во првиот тим.

Од неговото пристигнување во Кралскиот клуб, Винисиус поголемиот дел од времето игра за екипата Б од овој тим што се натпреварува во Сегунда, а во неколку натпревари ја одушеви јавноста. За многумина не е јасно зошто Јулиен Лопетеги не сака Виничиус да ја ДОБИЕ вистинската можност во првиот тим, бидејќи речиси не смета на него.

Сепак, „Марка“ објави дека лидерите на Кралскиот клуб вршеле притисок врз Лопетеги кога станува збор за Винсиус Јуниор. За време на паузата бразилецот играше за младиот тим на Бразил, каде што уште еднаш покажа дека има неверојатен потенцијал.

Наводно, во Реал Мадрид го известиле Лопетеги дека мора да сметаат повеќе на Винсиус, особено кога не постигнале ниту еден гол во четири натпревари. Бразилецот повеќе нема да игра за втората екипа на Реал Мадрид, а наводно му е забранет настап во Сегунда.

Лидерите на клубот очекуваат Лопетеги сериозно да смета на овој млад напаѓач кој одигра само 2 натпревари во Ла Лига против Атлетико Мадрид и Алавес.