SportM
Фудбал

Лидерот на Тотенхем најдобар играч на месецот во Премиер лигата!

Д М13 окт 2023
Лидерот на Тотенхем најдобар играч на месецот во Премиер лигата!

Напаѓачот на Тотенхем Хјун-Мин Сон е прогласен за најдобар играч во Премиер лигата за септември.

Кореецот постигна хет-трик против Барнли, два гола во дербито со Арсенал, како и гол против Ливерпул.

Со серија одлични резултати, Тотенхем по осмото коло го презеде лидерското место од Манчестер Сити, па избраниците на Ангелос Постекоглу, кој беше избран за тренер на месецот, имаат ист број бодови како и второпласираниот Арсенал со 20 бодови.

Тотенхем во следното коло го пречекува Фулам, а таа средба е закажана за 23 октомври од 21 часот.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.