Лига 1 можеби заврши, но ПСЖ со тренинзи во Катар се подготвува за ЛШ
Д М17 мај 2020

ПСЖ и уште неколку други француски клубови, подготвени се за организирање на турнир во Катар во јули. Другите учесници најверојатно ќе бидат Лион, Лил и СентЕтјен.
За ПСЖ, турнирот ќе биде проба пред продолжување на Лигата на шампионите, а за останатите екипи ќе биде дел од подготовките за новата сезона во Лига 1.
На Парижаните им претстојат и последните натпревари во Купот на Франција и Лига Купот.
Натпреварите најверојатно ќе се играат во главниот град Доха. Во моментов не се пуштаат странци во Катар, но ситуацијата се очекува да се промени до јули.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



