Лингард: Би сакал некој да ми кажеше зошто не играм

Фудбалерот на Нотингем Форест, Џеси Лингард реши да проговори во пресрет на натпреварот со својот поранешен клуб Манчестер Јунајтед (21.00 часот).
Тој летово во лоша атмосфера го напушти славниот клуб од Олд Трафорд.
„Ова е шанса да се збогувам бидејќи никогаш не ја добив, но сакаме да победиме. Не можете да дозволите вашите емоции премногу да ве обземат“, рече Лингард, а потоа продолжи:
„Не знам зошто не играв. Не знам што беше проблемот, дали беше политиката на клубот или нешто друго. Се уште немам одговор. Посакувам некој да ми кажеше: „Еве зошто не играш“, од почит што сум толку долго во клубот, но ни тоа никогаш не го добив. Тоа беа лажни ветувања. Тренирав напорно и бев фит, подготвен да играм игри. Кога работите напорно на тренинзите и не играте, тоа е многу фрустрирачко“.
Лингард е дете на Манчестер Јунајтед и вкупно помина речиси 20 години на „Олд Трафорд“.



