Лионел Меси ги избра 15-те најдобри млади играчи, меѓу нив е и Лука Јовиќ

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Лионел Меси, зборуваше за претстојните sвезди на европскиот фудбал.
Кариерата на Меси е при крај, но напаѓачот на Барселона е свесен дека во моментов има десетици големи играчи кои би можеле да го наследат и веќе се во најголемите клубови.
Од него беше замолено да именува 15 „растечки млади sвезди“, а Аргентинецот ги наведе без проблем. На неговиот список, интересно е што се наоѓа, честопати критикуваниот играч на српската репрезентација и напаѓач на Реал Мадрид, Лука Јовиќ.
Покрај Јовиќ, тој ги наброи Трент Александар-Арнолд (Ливерпул), Кристијан Пулишиќ и Мејсон Монт (Челзи), Фил Фоден (Манчестер Сити), Џејдон Санчо (Борусија Д.), Кај Хаверц (Баер), Едер Милито (Реал) , Усман Дембеле и Френки де Јонг (Барселона), Хусем Ауар (Лион), Килијан Мбапе (ПСЖ), Жоа Феликс (Атлетико), Џошуа Кимич и Бенџамин Павард (Баерн).



