Connect with us

Фудбал

Лионел Меси не се појави на првата тренинг сесија!

Роналд Куман започна со тренинзи со екипата на Барселона за прв пат денес во 17:30 часот, но Лионел Меси не се појави.

Меси ги пропушти тестовите пред почетокот на новата сезона и исто така не се појави денес во центарот „Ситут Еспортива“. Тој очигледно не се откажува од намерата да го напушти клубот ова лето, без оглед колку комплицирано изгледа сега, бидејќи има договор до следното лето.

Меси продолжува да води војна против клубот каде што поминал 20 години, а неуспехот да тренира беше неговата јасна порака. Неговата желба е да си замине, а Манчестер Сити пред сè го чекаат, иако во игра се и ПСЖ и Интер.

Неговиот татко Хорхе треба да седне со претседателот на клубот, Жозеп Марио Бартомеу во наредните денови, но, наводно, тој само ќе побара мирна разделба и нема да прифати никакви услови од Барселона.

Каталонците сè уште се надеваат дека Меси ќе остане, а тие се поддржани од официјалното соопштение на Ла Лига, во кое се вели дека Меси сега не може да ја искористи клаузулата за еднострано раскинување на соработката и дека единствениот начин да си замине е некој да ја активира откупната клаузула од 700 милиони евра.

 

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com