SportM
Фудбал

Лионел Меси со ентузијазам ја поддржа одлуката на лидерот на Барселона

Д М16 сеп 2020
Лионел Меси со ентузијазам ја поддржа одлуката на лидерот на Барселона

Шпанските медиуми утрово објавија дека челниците на Барселона донеле одлука Луис Суарез да остане во овој клуб и следната сезона.

Пред неколку недели беше објавено дека Роналд Куман му рече на Суарез дека може да ја напушти Барса затоа што нема да смета на него. Суарез најмногу се поврзуваше со трансферот во Јувентус, но на крајот нема да има ништо од тој трансфер.

Суарез тренираше со Барселона од самиот почеток на подготовките, но не е во играчкиот кадар за пријателските натпревари. Сепак, утрово беше објавено дека има голем пресврт и дека ќе го гледаме Уругваецот и следната сезона во дресот на каталонскиот клуб.

Челниците на Барса веќе му соопштија дека тој ќе остане до крајот на договорот и дека може да замине како слободен агент следното лето.

Мадридски „АС“ пред објави дека клучна улога во сето ова има и Лионел Меси. Аргентинецот ја поддржа одлуката на управата да го задржи Суарез, што не е изненадување со оглед на тоа што двајцата се многу добри пријатели.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.