SportM
Фудбал

Листата на најпрофитабилните трансфери во Премиер лигата е предводена од Кутињо

Д М17 јун 2019
Листата на најпрофитабилните трансфери во Премиер лигата е предводена од Кутињо

Со продажбата на Филипe Кутињо во Барселона Ливерпул заработи дури и 119 милиони фунти.

Иако навивачите беа бесни кога дознаа дека Кутињо заминува во Барселона, денес управата на клубот го слави овој потег, бидејќи без Бразилецот се уште подобри, поуспешни и заработија многу пари.

Ливерпул го донесе во јануари 2013 година за само 12 милиони фунти, а на Барселона го продаде за 131 милион евра, па Ливерпул заработи 119 милиони долари од продажба.

Вториот најпрофитабилен трансфер во Премиер Лигата е продажбата на Герет Бејл. Тотенхем го купи за 13 милиони евра и го продаде на Реал Мадрид за 91 милион евра и заработи 78 милиони евра.

Кристијано Роналдо се пресели од Спортинг во Манчестер Јунајтед за 17 милиони евра, а од „Олд Трафорд“ замина за Мадрид за 85 милиони и на тој начин Јунајтед заработи 68 милиони фунти.

Вирџил Ван Дајк беше донесен во Саутемптон за 14 милиони долари, а потоа беше продаден за 76 милиони фунти на Ливерпул. Саутемптон заработи 62 милиони фунти.

Петти на листата на најпрофитабилните трансфери во Премиер лигата е трансферот на Ријад Марез од Лестер во Манчестер Сити. Во Лестер пристигна за 500.000 фунти, а потоа за 61 милион фунти отиде во Сити, што значи дека Лестер заработил 60,5 милиони долари.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.