SportM
Фудбал

Ливерпул близу до реализација на уште еден трансфер

Д М29 апр 2021
Ливерпул близу до реализација на уште еден трансфер

Ливерпул очигледно ќе има возбудливо лето на трансфер пазарот.

Откако се договорија за трансфер на Ибрахим Конате од РБ Лајпциг, „црвените“ влегуваат во финализирање на зделката со Ив Бисума. Оваа информација ја пренесува Ливерпул Ехо.

Тој е 24-годишен фудбалер кој е член на Брајтон и сениорски репрезентативец на Мали. Бисума треба да влезе како замена за Георги Вајналдум, кој го напушта „Енфилд Роуд“ во јуни.

Бисума има моментална вредност од 17 милиони евра. Брајтон сигурно нема да го пушти овој играч да оди така, па се поставува прашањето колку Ливерпул ќе треба да плати. Споменатиот играч за врска оваа сезона одигра 34 натпревари за Брајтон во сите натпреварувања. Неговата позиција е последен играч за врска, а тој постигна и два гола оваа сезона. Тој исто така игра и на други позиции во средниот ред.

Кариерата ја започна во Мали со Реал Бамако, по што замина во Лил. Во францускиот тим, тој најпрво беше во Б тимот, а потоа беше префрлен во првиот тим на Лил. Тој ги напушти редовите на француската прва лига во 2018 година кога дојде на Островот, каде стана еден од клучните играчи на Брајтон.

Ив Бисума исто така одигра 14 натпревари за репрезентацијата на Мали и постигна три гола. Јирген Клоп го имаше споменатиот фудбалер на радар минатото лето, но немаше преговори меѓу двата тима.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.