Ливерпул брка најуспешен старт во Премиер Лигата
Д М29 сеп 2018

Ливерпул ќе се обиде да влезе во историјата на англиската Премиер лига како првиот тим со седум победи од првите седум натпревари во сезоната.
Досега Ливерпул имаат 18 поени од 6 натпревари, откако го делат рекордот во овој поглед со Манчестер Сити од минатата кампања, Челзи од 2009/10 и 2005/06 и Њукасл на Кевин Киган од 1994/95 – сите овие тимови собрале толку поени на почетокот на шампионатот.
Задачата на Јирген Клоп сепак никако не е лесна, бидејќи против себе го има токму Челси, а ова ќе биде второ дерби оваа недела помеѓу двата тима, кои се состанаа во средата во Лига Купот.
„Сините“ од Лондон си заминаа со успех од „Енфилд“ по одличниот гол на Еден Азари за 2:1, а сега ќе ја имаат удобноста на сопствениот стадион „Стемфорд Бриџ“.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



