SportM
Фудбал

Ливерпул ги осудува навивачите за лудата ноќ: „Ваквото однесување е неприфатливо“

Д М27 јун 2020
Ливерпул ги осудува навивачите за лудата ноќ: „Ваквото однесување е неприфатливо“

По 30 години, Ливерпул ја освои титулата во Премиер лигата и тоа беше повод за големо славење на навивачите. Тие излегоа на улиците и славеа до раните утрински часови, и никој не размислуваше за мерките пропишани заради пандемијата на коронавирус.

Многумина го осудија ваквото однесување на навивачите на овој клуб, а сега Ливерпул излезе заедно со градската заедница и полицијата.

„Јавното здравство во нашиот град се уште е во состојба на криза и ваквото однесување е целосно неприфатливо. Потенцијалната опасност од втор бран на Ковид-19 болест сè уште постои и ние мора да дејствуваме заедно за да не се одврати се што е направено досега во регионот за време на карантинот. Кога ќе се исполнат безбедносните услови, заедно ќе организираме победничка парада каде сите ќе можеме да славиме заедно “, се вели во пораката.

Интересно е што за време на прославата избувна мал пожар, а користени се и разни пиротехнички средства.

„Мала група навивачи го оцрнија името на клубот“, рече градоначалникот на Ливерпул Андерсон.

 

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.