Ливерпул го продаде напаѓачот

Екипата на Ливерпул го продаде младиот напаѓач Ријан Брустер на Шефилд Јунајтед.
Клубовите го потврдија трансферот на официјалната веб-страница и 20-годишниот напаѓач ќе го носи дресот на Шефилд Јунајтед во наредните години.
Талентираниот напаѓач не сакаше да чека шанса со Јирген Клоп. Немаше премногу простор за игра и заминувањето е веројатно најдобрата опција.
Rhian Brewster is a Blade. ✍️ pic.twitter.com/rqrIZMHB5b
— Sheffield United (@SheffieldUnited) October 2, 2020
Брустер е член на „црвените“ во последните пет години, Ливерпул заработи огромни 23,5 милиони фунти на неговиот трансфер. Одлично за играч кој има одиграно само пет натпревари за тим од „Енфилд“.
Минатата полусезона Брустер беше на позајмица во Свонси и постигна 11 голови на 22 настапи.



