Ливерпул има сигурна предност над Бенфика по првиот меч

Во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите вечерва силите ги одмерија Бенфика и Ливерпул, а гостите славеа со 3:1.
По само 17 минути гостите поведоа. Конате биеше со глава на асистенција на Робертсон од корнер.
Ливерпул беше подобар ривал на теренот, па го круниса со уште еден гол
Седумнаесет минути подоцна, Мане рутински ја става топката во мрежата.
Сенегалецот тогаш се реши на необичен потег.
Имено, Мане воопшто не го прослави голот иако се работи за четвртфинале во Лигата на шампионите. Асистентот повеќе се радуваше на голот отколку стрелецот, што е вистинска реткост.
Само што започна вториот дел, Нуњез намалува на 1:2 и најавува интересен втор дел.
Ливерпул се уште го имаше поседот, и беше тим кој се чудеше на овој натпревар, а кон крајот потврди сигурна победа со голот на агилниот Дијаз.



