Ливерпул може да остане без ЛШ – Нема проблем за Клоп!

Фудбалерите на Ливерпул следната сезона тешко ќе влезат во Лигата на шампионите.
„Црвените“ моментално се само седми во англиската Премиер лига со 53 бода, седум помалку и натпревар повеќе од четвртопласираниот Манчестер Јунајтед, кој е на четвртото место, последно кое води во Лигата на шампионите.
Остануваат уште шест кола до игра, а менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп се чини дека се помирил со фактот дека неговиот тим најверојатно ќе мора да се задоволи со Лигата на Европа, иако тоа не е сигурно ниту за клубот од „Енфилд“.
„Ќе прифатиме што и да добиеме. Не размислувавме за Лигата на Европа на почетокот на сезоната, би излажал ако кажам дека е успех. Сепак, како што тргнаа работите сега, тоа ќе биде добро. Немам проблем да се натпреварувам во Лига Европа“ , изјави Германецот.
Ливерпул во изминатите шест сезони е редовен учесник во Лигата на шампионите, а годинава стигна до осминафиналето каде беше поразен од Реал Мадрид.



