Ливерпул на спектакуларен начин најави големо засилување

Екипата на Ливерпул денеска на спектакуларен начин објави дека е потпишан нов договор со египетската ѕвезда Мохамед Салах.
Египетскиот волшебник договори нов повеќегодишен договор со „црвените“, а клубот денеска го потврди договорот со одлично видео во кое главната улога ја има Салах.
— Liverpool FC (@LFC) July 1, 2022
„Салах останува“, вели чудото на Ливерпул додека ужива на одмор на егзотична локација.
Чест ни е да објавиме дека Мо Салах потпиша нов повеќегодишен договор со клубот“, соопштија од англискиот гигант.
We’re delighted to announce that @MoSalah has signed a new long-term contract with the Reds! ❤️#SalahStays
— Liverpool FC (@LFC) July 1, 2022
Среќен сум што потпишав нов договор со клубот. Горд сум и се надевам дека заедно ќе освоиме уште многу трофеи“, изјави Салах.
Мохамед Салах е член на „црвените“ од 2017 година. Тој стана вистинска легенда на Енфилд и освои апсолутно се што можеше со овој клуб.
Вкупно, 30-годишниот Египќанец одигра 254 натпревари за Ливерпул и постигна 156 голови.



