SportM
Фудбал

Ливерпул не го продава Фирмино

Д М11 фев 2020
Ливерпул не го продава Фирмино

Во Ливерпул се надеваат дека ќе го задржат бразилскиот напаѓач во тимот што е можно подолго, и покрај интересот на Баерн Минхен за него.

Ливерпул ќе даде се од себе за да го задржи Роберто Фирмино во клубот.

Бразилскиот напаѓач неодамна стана мета на Баерн Минхен.

Во меѓувреме, се шпекулира дека Килијан Мбапе би можел да заврши на „Енфилд роуд“ за да ја замени бразилската sвезда.

Сепак, челниците на англискиот клуб не ја разгледуваат оваа опција бидејќи сакаат да ја продолжат соработката со 28-годишниот.

Бразилецот е во супер форма и е еден од најзаслужните за успесите на Ливерпул во последните сезони.

Ливерпул моментално се Европски и Светски шампиони.

Додека оваа година, се блиску до освојување на долгоочекуваната титула во Премиер лигата.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.