Ливерпул останауа без напаѓачот?

Може да биде зафатено на „Енфилд“ во јануари.
Претходно беше споменато дека Лорис Кариус ќе оди во Гројтер Фурт, а „црвените“ би можеле уште малку да ја скратат соблекувалната и списокот.
Дивок Ориги е џокерот на Јорген Клоп и оваа сезона. Постигна неколку голови за победа, но не може да смета на поголема минутажа со оглед на страшниот напад на црвените Салах – Мане – Јота, а тука е и Фирмино.
Се зборуваше за заминување на Ориги во Бундеслигата, а сега таа приказна повторно се активира.
Волфсбург го сака Ориги на позајмица со опција за откуп на крајот од сезоната.
Прашање е дали Клоп ќе го пушти својот напаѓач со оглед на тоа што и оваа сезона се покажа како освежување од клупата. Тој го постигна голот за триумф против Милан, Вулверхемптон и постигна важни голови во Лига купот.
Ориги изјави дека се чувствува добро во Ливерпул, дека е задоволен, но ќе видиме што ќе донесе јануари.
Во Волфсбург тој дефинитивно би имал многу повеќе простор за игра.



