SportM
Фудбал

Ливерпул отфрли две понуди за Шаќири

Д М21 јан 2020
Ливерпул отфрли две понуди за Шаќири

Ливерпул одби две понуди за позајмување на Џердан Шаќири од Рома и Севиља, бидејќи Јирген Клоп е уверен во одлуката да го задржи швајцарскиот репрезентативец во составот до крајот на сезоната.

Џердан Шаќири предизвика интерес кај голем број европски клубови овој јануари, откако не успеа да го заработи своето место во составот на Јурген Клоп оваа сезона.

28-годишниот играч играше само на три натпревари оваа сезона – последен беше оној во полуфиналето на Светскиот куп против мексиканскиот клуб Монтереј минатиот месец.

Шаќири беше недостапен за натпреварот во неделата против Манчестер Јунајтед, поради мала повреда на мускулите. Сепак, тој се надева дека ќе се врати на време за последниот четврти натпревар од ФА Купот.

Севиља, преку спортскиот директор Мончи, направи официјален обид да го пренесе Шаќири на позајмица овој месец, бидејќи Рома не контактираше со клубот преку никакви посредници. Ливерпул по се изгледа дека нема намера да ја продаде поранешната sвезда на Стоук Сити овој месец.

Италијанските медиуми тврдат дека Ливерпул му дал на Шаќири цена од 15 милиони евра, но овие извештаи се негирани од веб-страницата на „Goal“, во која се вели дека на Ливерпул ќе му бидат потребни околу 30 милиони за Шаќири ова лето.

Шаќири му се придружи на Ливерпул за 13,5 милиони фунти во летото 2018 година и оствари 30 настапи во својата деби-сезона на „Енфилд“, постигнувајќи шест гола.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.