Ливерпул постави скромна цена за Шаќири

Џердан Шаќири ова лето дефинитивно го напушта Ливерпул.
Ливерпул засега нема желба Шаќири да остане, па решија да го продадат и наводно сакаат 15 милиони евра за швајцарскиот репрезентативец.
Севилја, Виљареал, Лацио и Наполи досега покажаа интерес за крилниот напаѓач кој има договор со „црвените“ уште две години.
Тој самиот претходно потврди дека сака да го напушти Енфилд.
“Разговарав со луѓе во Ливерпул и реков дека сакам нови предизвици во кариерата. Тие беа многу точни и нема да ми создадат проблеми. Порано сакав да играм во Серија А, а сега сум блиску до таа цел. Јас најверојатно ќе ја продолжам кариерата во Лацио, но повеќе ќе се знае во наредните денови “, рече швајцарскиот интернационалец.
Шаќири одигра одлични натпревари во дресот на „црвените“, постигнувајќи и неколку клучни голови. Клоп го користеше повеќе како џокер отколку како стартер.



