Ливерпул преку Кардиф се искачи на врвот на Премиер лигата
Д М27 окт 2018

Ливерпул на домашен терен со убедливи 4:1 го совлада Кардиф и се искачи на првото место на табелата во Премиер лигата.
Домаќините ја оправдаа фаворитската улога и уште во десетата минута преку Мохамед Салах стигнаа до водство од 1:0.
На стартот од второто полувреме Садио Мане зголеми на 2:0, а Кардиф во 77-та минута преку погодокот на Калум Патерсон намали на 2:1.
Во 84-та минута Џердан Шаќири беше прецизен за 3:1, а конечните 4:1 три минути подоцна ги постави Мане со својот втор гол.
Ливерпул сега е на врвот на табелата со 26 бода, три повеќе од Манчестер сити, кој во понеделник на гости против Тотенхем ќе игра натпревар од тековното коло.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



