SportM
Тајм аут

Локален паб ветил бесплатно пиво за секој гол на Нотингем Форест, види чудо, победија со 7:0! (ВИДЕО)

Редакција4 фев 2025
Локален паб ветил бесплатно пиво за секој гол на Нотингем Форест, види чудо, победија со 7:0! (ВИДЕО)

Локален паб ветил бесплатно пиво за сите гости, за секој постигнат гол на Нотингем Форест на мечот со Брајтон. Види, чудо, Нотингем победил со убедливи 7:0. Никој не очекувал ваква победа, особено не по поразот од 5:0 на гостувањето кај Бурнмаут. Ова секако не го очекувала ниту сопственичката на пабот, која сепак на крајот призна дека иако била во минус 1500 фунти поради ова, сепак на крајот била среќна бидејќи и самата таа е фан на тимот, па вели дека било супер да се видат навивачите насмеани по убедливиот пораз од Бурнмаут. Нотингем Форест игра фантастично сезонава, тие се најпријатното изненадување и се наоѓаат на четвртото место на табелата со 47 бодови, три помалку од Арсенал и девет од Ливерпул.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.