Connect with us

Фудбал

Лопетеги ќе го предводи Реал на „Ел класико“

Директорот на Реал за меѓународни односи Емилио Бутрагењо информира дека Хулен Лопетеги ќе ја предводи екипата на натпреварот од десеттото коло на шампионатот на Шпанија со Барселона. Средбата е закажана в недела (28 октомври).

– Дали Лопетеги ќе го води Реал на „Ел класико“? Да, на апсолутно нормален начин. Во ваква ситуација многу е важно да се задржат смиреноста, солидарноста и вербата во нашите играчи. Слушнавме шпекулации за оставка на Лопетеги до дуелот со Барселона. Но, со доверба ќе му пристапиме на натпреварот на „Камп ноу“, кој е одлична мотивација за сите, и се надеваме дека ќе имаме добро издание, рече Бутрагењо.

Претходно во шпанските медиуми беше објавено дека Лопетеги ќе биде отпуштен од Реал веднаш по вчерашниот натпревар од групната фаза на Лигата на шампионите против Викторија Плзен (2:1), без оглед на резултатот.