Лопетеги сепак го презеде Волвс

Иако претходно ја одби понудата од Вулверхемптон, Хулен Лопетеги е новиот менаџер на тој англиски тим. Во саботата беше потврдено со порака на Волвс на Твитер дека ново поглавје за тимот е на пат да започне.
По еден месец без менаџер, Волвс најде замена за Бруно Лаз. Португалецот доби отказ на 2 октомври, а веднаш беше јасно дека прв „пик“ на Вулверхемптон е Жулен Лопетеги. Шпанскиот стручњак прво не сакаше да дојде на „Молина“, меѓу другото и поради здравствената состојба на неговиот татко, но сега сепак го потпиша договорот.
„Тој е врвен тренер со големо искуство. Од почетокот тој беше нашиот прв избор и едвај чекаме да му посакаме добредојде и да ни се придружиме наскоро“, изјави првиот човек на клубот Џеф Шеа.
A new chapter.
— Wolves (@Wolves) November 5, 2022
Лопетеги доаѓа од Севиља каде во претходните сезони имаше одлични резултати со која ја освои Лигата на Европа во 2020 година, но послабите настапи годинава доведоа до отказ. Беше тренер и на Реал, Потро, Рајо Ваљекано и шпанската сениорска и младинска репрезентација. Вулвс ќе го преземе за време на паузата од Светското првенство што следи на 14 ноември.



