Љоренте ја отфрли понудата на Челзи од 60 милиони евра
Д М19 авг 2022

Челзи понуди 60 милиони евра за играчот од средниот ред на Атлетико Мадрид и шпански репрезентативец, Маркос Љоренте. Самиот играч ја одбил понудата, објави на Твитер новинарот, Матео Морето.
Дваесет и седумгодишниот Шпанец за мадридскиот клуб настапува од 2019 година. Неговиот актуелен договор е до 2027 година.
Како дел од Атлетико, играчот од средниот ред стана шампион на Шпанија во сезоната 2020/21, а играше и во финалето на Европското младинско првенство 2017 година.
Минатата сезона Љоренте запиша 40 настапи за клубот, креираше три асистенции. Според „Трансфермаркт“, играчот вреди 45 милиони евра.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



