SportM
Фудбал

Лорис нема да ја носи капитенската лента со боите на виножитото на Светското првенство

Д М14 ное 2022
Лорис нема да ја носи капитенската лента со боите на виножитото на Светското првенство

Капитенот на Франција, Уго Лорис, посочи дека нема да ја носи капитенската лента во боите на виножитото за време на натпреварите на Светското првенство во Катар, како дел од кампањата против дискриминација.

Бранителот на титулата Франција беше меѓу осумте од 13-те европски тимови кои се упатија во Катар за да се приклучат на кампањата OneLove која започна во Холандија во септември.

Правилата на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) им забрануваат на тимовите да носат свои дизајни на лента на Светското првенство и инсистираат на тоа дека мора да користат опрема обезбедена од телото.

Запрашан за иницијативата на прес-конференција, Лорис беше скептичен.

„Секако дека имам свое мислење за оваа тема. Слично е на она што го има претседателот (на Француската фудбалска федерација)“, рече Лорис.

Претседателот на француската ФА Ноел Ле Гре претходно изјави дека би сакал Лорис да не ја носи лентата бидејќи не сака неговата земја да им држи предавања на другите.

„Кога сме во Франција, кога ни доаѓаат странци, сакаме да ги почитуваат нашите правила, нашата култура. Истото ќе го направам и кога ќе одам во Катар. Можам да се согласам или да не се согласувам со нивните идеи, но морам да покажам почит“, изјави Лорис.

Голманот на Тотенхем, сепак, додаде дека играчите на Франција најверојатно ќе ги здружат силите за колективна акција во однос на почитувањето на човековите права во Катар.

Француската репрезентација в среда лета за Катар, а одбраната на титулата започнува на 22 ноември со мечот против Австралија. Во групата Д ќе играат уште со Данска и Тунис.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.