SportM
Фудбал

Лорис по поразот од Динамо: Срамота!

Д М19 мар 2021
Лорис по поразот од Динамо: Срамота!

Динамо синоќа направи вистинско чудо во Загреб и отиде понатаму против англиски Тотенхем, иако гостите пристигнаа во Хрватска со предност од 2:0.

Динамо одигра одличен натпревар, а Мислав Орчиќ беше брилијантен, постигнувајќи хет-трик.

Разочарување во редовите на Тотенхем. Жозе Мурињо влезе во соблекувалната на Динамо по мечот и им честиташе на „сините“, а голманот Хуго Лорис не го криеше разочарувањето.

“И ние сме повеќе од разочарани. Тоа е срамота. Се надевам дека сите во соблекувалната се чувствуваат одговорни за овој срам. Што повеќе да кажам. Сите сме одговорни, вкусот на она што се случи е болен”, капитенот на Тотенхем кажа.

Тој додаде дека европскиот фудбал е квалитетен и дека без почит кон ривалот, доаѓа казна, што само му се случи на неговиот тим.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.